Алушовски: Господ не погледна против Нексе

Против Загреб в петок, во балканското дерби, Вардар ќе се обиде да ја одржи традицијата успeшни настапи на Ф4 турнирите во СЕХА лигата и да дојде до одбрана на трофејот освоен пред речиси година и половина во белорускиот Брест. И веројатно околу настапот на Вардар во Задар претстојниот викенд немаше да има толку дилеми да не беше за малку кобниот дуел со Нексе во која макеоднскиот и европски првак загуби, но се провлече поради повеќе постигнати голови. Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски смека дека токму тој натпревар бил вистинско будење за тимот во пресрет на поголемите предизвици. Негова проценка е дека Вардар е се подобар секој ден.

„По поразот од Нексе кој за нас беше како победа, господ не погледна и сакаше по деветти пат да бидеме на Ф4. Направивме добра анализа на се што направивме до натпреварот со Нексе. Тој натпревар е голема опмена за сите нас. Вардар е Вардар, но се она што е ново во клубот не ни дава право против никој да бидеме фаворит. Имаме девет нови играчи кои треба да се вклопат и да бидеме она што е препознатливо за Вардар. Загреб не се прослави во подготвките. еден натпревар е, балканско дерби, години наназад се игра на топка, две без разлика на составите. Анализиравме се подготвивме добро за овој Ф4, пред се за Загреб, потоа ќе видеме, ако е финале ке се подготвуваме за фианлето. Вардар од ден во ден оди во нагорна линија како што гледм на тренинзите. Овој Ф4 ке биде успешна увертира за она што ни претстои на средината од септември почетокот на лига шампините портив Мешков Брест кој што исто така е учесник на Ф4“ – вели во пресрет на натпреварот Алушовски.

Во вторто полуфинале на завршниот турнир во Задар ќе се сретнат Веспрем и Мешков Брест. Распределбата на медалите е в недела.

Се вчитува...