Алушовски: Грешките во нападот во финишот пресудија за поразот

Вардар загуби на гостувањето кај Порто со 27-24, низ игра „топло-ладно“, во првиот натпревар годинава во Лигата на шампионите.

Тренерот Стевче Алушовски по натпреварот истакна дека клучни за поразот биле грешките во нападот, во моментите кога „црвено-црните“ доаѓаа до егал-позиција.

„Сакам да честитам на Порто за победата. Може да кажам дека бевме добри на стартот на мечот, посебно во одбраната, но некако постојано имавме проблеми со нападот. Порто, пак, ги казнуваше сите наши грешки со брзи голови. Во второто полувреме, во последниот квартал направивме многу грешки во нападот и тоа беше пресудно за поразот“ – истакна Алушовски.

Следен натпревар за Вардар во Лигата на шампионите е против ПСЖ во Франција.

Се вчитува...