Алушовски има нов клуб во мак-ракометот

Стевче Алушовски е подготвен за враќање на македонската ракометна сцена, и тоа како тренер на РК Охрид, договор што би требало да биде официјализиран во наредните неколку дена. Долгогодишниот македонски репрезентативец на почетокот од тренерската кариера ги водеше Пелистер и Вардар, потоа замина кратко време во исландскиот клуб Тор, но Алушовски сега е решен да се врати назад на домашната сцена.

Сериозниот проект на Охрид не ги даде посакуваните резултати минатата сезона, во која оваа екипа не успеа да обезбеди излез во ракометна Европа. Поради ова ќе дојде до промени во текот на летово, а Алушовски е идеален кандидат според управата на клубот за охриѓани во наредната сезона да атакуваат на место кое ќе води во еврпоските купови.

Допрва ќе биде формиран играчкиот ростер, а според последните информации нови имиња во Охрид ќе бидат двајцата ветерани од Еурофарм Пелистер, Кукоски и Ојлевски, кои се слободни играчи по истекот на договорот со битолчани.

Се вчитува...