Алушовски: Имаме многу проблеми, ама од инает да го победиме Мотор

Европскиот првак Вардар со многу проблеми и десеткуван состав, без Даинис Криштопанс и без Павел Атман кои го напуштија клубот поради финансиските проблеми, во сабота го пречекува Мотор во веројатно клучниот меч од групната фаза од Лигата на шампионите. Потребна е победа за да се потврди шестото место во групата и да се осигура настап во нокаут фазата.

Тренерот Стевче Алушовски вели дека има проблеми и тоа веќе не е ни тајна, а се надева дека ракометарите со поддршка од навивачите ќе успеат да остварат победа над Мотор. Триумфот е потребен за заверка на пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Имаме многу проблеми, не очекува тежок натпревар, знаеме каква ситуацијата со играчкиот кадар. Но, ракометарите се фокусирани, очекуваме да добиеме поддршка од навивачите и од инает да го победиме Мотор. Тие се квалитетен тим, но Вардар е европски шампион. И покрај заминувањата, мислам дека работевме добро изминатава седмица и се надеваме на триумф“, изјави тренерот Стевче Алушовски на прес – конференцијата пред саботниот дуел со украинскиот тим Мотор Запорожје.

Се вчитува...