Алушовски: Карачиќ и Душебајев добро знаат како е да се игра во Скопје…, одиме на победа против Кјелце

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски е оптимистички расположен пред новиот предизвик во Лигата на шампионите, овој пат против полскиот Кјелце во четврток во Скопје.

„Тоа што треба да го кажеме пред натпреварот со Кјелце а по репрезентативниот пауза е дека имавме двајца повредени ракометари, Ловро Јотиќ кој остана тука со нас и имаше мала повреда на скочниот зглоб, како и Филип Талевски кој се врати со оток на коленото, но за среќа нашиот лекар успеа да ги оспособи. Па, во моментов сме комплетни и ќе бидеме комплетни за натпреварот со Кјелце“ – вели Алушовски, притоа со оценка и за натпреварот кој ги очекува црвено-црните.

„Не очекува еден тежок натпревар со лидерот во групата кој, според мене, досега покажа најмногу од сите екипи во групата. Максимално незгоден противник кој е составен од поранешни играчи на Вардар, Карачиќ и Душебајев кои знаат како е да се игра во Скопје. Мислам дека, во секој случај, ќе биде неизвесен натпревар. Клучот на успехот треба да биде во одбраната. Анализираме добро се што значи опасност во играта на Кјелце и мислам дека ќе бидеме максимално подготвени за овој предизвик. Не очекуваат два натпревари со овој противник и мислам дека ќе одиграме на нивото на претходните натпревари, и секако се надевам на добра игра и победа на нашиот тим“ – истакна стратегот на „вардарци“.

Натпреварот стартува од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...