Алушовски: Киелце е најдобриот тим во светот, ние бевме без енергија…

Полскиот Киелце не дозволи изненадување против Вардар, овој пат на домашен терен славејќи со 36-29 против македонскиот шампион.

„Црвено црните“ не успеаја да им парираат на полските ракометари за што е свесен и стратегот Стевче Алушовски.

„Во првиот дел почнавме доста добро, но имавме проблем со брзата транзиција посебно во вториот дел од првото полувреме. Јасно е дека тим како Киелце, кој во овој момент можеби е најдобриот во светот, кога се работи за транзиција, знаеше како да не казни. Во вториот дел се обидовме со седум на шест, имавме и проблеми да организираме квалитетен напад. Во одбрана игравме без енергија, посебно кога бевме во ситуација еден на еден, па на крајот, ова е реален резултат“ – изјави Алушовски по вчерашниот натпревар во Полска.

Се вчитува...