Алушовски: Кога играш во Лига на шампиони мора да бидеш повеќе безобразен

Стевче Алушовски дебитираше на клупата на Работник во историскиот прв натпревар на тимот во Лигата на шампионите. Тренерот на Работник изрази жалење што тимот не успеа да стигне до позитивен резултат, но и надеж дека во иднина ќе се бележат подобри резултати во елитното европско натпреварување.

„Ја честитам победата на Спортинг ги заслужија двата бода. Кога играш на вака големо ниво ние мораме да бидеме побезобразни. За жал за нас дебито во елитното натпреварување заврши со пораз. Не изигравме баш како што се договоривме, но тоа е што е одиме понатаму“, изјави Алушовски.

Во следното коло Работник му гостува на Савехоф.

Се вчитува...