Алушовски: Мило ми е што Талески се премисли

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Стевче Алушовски, не го криеше задоволството по денешниот трансфер на Филип Талески како најново засилување на „црвено-црните“. Токму Алушовски пред петнаесетина дена јавно ги прозва Талески и Кузмановски како примери на играчи кои повеќе сакаат да бидат во странство, макар таму седеле на клупата за резерви, отколку да добијат лидерска улога во клуб во татковината.

„Задоволен сум што потпишавме договор со македонскиот репрезентативец. Веќе кажав што имав на таа тема, сега би додал дека ми е многу мило што Талески се премисли, среќен сум што ќе имам можност да соработувам со него во Вардар“, изјави Алушовски за ЕКИПА.

За очекување е „црвено-црните“ во најскоро време да потпишат и со нов десен и со среден бек, со што би бил комплетиран „ростерот“ за стартот на наредната сезона.

Се вчитува...