Алушовски: Направивме клучни грешки во последните минути

Европскиот првак Вардар со пораз (24-22) во Белорусија го стартуваше новото издание во Лигата на шампионите. Мешков Брест во самиот финиш успеа да стигне до триумф, иако вардарци на неколку минути пред крајот беа во добитна позиција.  Тренерот Стевче Алушовски вели дека неговиот тим направил неколку клучни грешки во последните моменти, а и фортуната ги послужи ракометарите на Мешков Брест.

„Загубивме во драматичен финиш, навистина е тешко сега да се зборува. Мислам дека Мешков Брест имаше повеќе среќа во завршницата, а ние направивме неколку клучни грешки кои на крајот беа кобни. Не можам да замерам на ракометарите, за желбата, за борбеноста иако нашите навивачи не се среќни со поразот. Мораме уште многу да работиме за да бидеме на потребното ниво и треба да се свртиме кон следниот предизвик“, изјави тренерот на Вардар по поразот во Белорусија.

 

Се вчитува...