Алушовски: Немањето средби е проблем, ќе бараме помош од Металург

Стевче Алушовски не ја крие загриженоста што Вардар веќе подолг период е без одигран натпревар, по одложените средби со Елверум и со Пик Сегед од Лигата на Шампионите. Во период кога „црвено-црните“ ја кренаа формата и се очекуваа уште подобри изданија стручниот штаб и играчите се соочија со проблем поради коронавирусот, па сега две недели се надвор од натпреварувачки ритам.

„Последен натпревар што го игравме беше на 16 септември, сега е 2 октомври. Два мини циклуси што ги планиравме ги прекинавме кога формата на екипата требаше најмногу да биде подигната на едно ниво. Ако кажеме дека се спремаме за дуел во среда и така тренираме, во недела или понеделеник добиваме информација дека мечот е одложен. Играчите немаат мотив, бидејќи сме се спремале за еден противник, сме излегле од сите процеси на учење и усовршување, и сме подготвувале една тактика. Овие две седмици ни се промашени во делот на надградување на играта и формата. Сега на 15 октомври е прв меч со Флензбург. А тој период што е, е една зимска пауза. Треба да држиш тензија, да држиш во натпреварувачки ритам. Баравме да играме со Еурофарм Пелистер, но рекоа дека не можат бидејќи имале повредени играчи, вели Алушовски во разговор за клупската веб-страница.

„Црвено-црните“ сега за помош ќе се обратат кон Металург, бидејќи ризикот од натпревари против останатите македонски суперлигаши е значително поголем во период на голем број заразени од Covid-19.

„Ако не играме натпревар од СЕХА лигата, се надевам дека Металург ќе ни излезе во пресрет и ќе можеме барeм да одиграме некој меч. Се гледа дека формата оди во надолна линија. Флензбург играше неколку силни натпревари, екстра дуели, со силни ривалири, со висок ритам, и ние тренираме со замислен противник, и потоа не играме. Мислам дека сме многу хендикепирани. Држиме позитивна атмосфера, се трудиме да го искористиме на најдобар начин, со тренирање со висок интензитет, но тоа е премалку. Ние да играме можеме и со екипи од домашно првенство. Сите имаат квалитет. По мене е голем ризик, она што се случи, да има по 13 заразени, а тие екипи биле меѓу себе во контаткт. Не дека нашите игарчи се под стаклено звоно. Не дека екипите немаат квалитет, но само поради претпазливост. Металуг е најсигурна опција. Се надевам дека ќе ни излезат во пресрет“, вели Алушовски.

Тој ја критикува одлуката за одлагање на натпреварот против Елверум, меч што требаше да се игра во ист период кога Шкендија во Скопје го пречека премиерлигашот Тотенхем во меч од европските фудбалски натпреварувања.

„За мене е несфатливо како Тотенхен можеше, а Елверум не можеше да дојде во Скопје. И Швајцарија има строги протоколи, па Криенс дојде да игра меч со Металург. Несфатливо е дека ПИК Сегед беше во Полска, а потоа дома не можеше да организира средба. Но, се менуваат многу правилата. Се надевам дека нема да дојдат уште полоши времиња. Клубот се спасува од колапс, дојде човек што го сака, и ете немаме натпревари, не можеме да ја подигнеме форма да дојдат и нови спонзори во клубот. Мораме на тренинг добро да тренираме, секој играч да биде фокусиран. Само така можеме да се надеваме на добра форма“, истакнува тренерот на „вардарци“.

Алушовски смета дека сега има јасна слика за квалитетите на своите ракометари, со самото тоа и е свесен што може да очекува од секој од нив.

„После турнирот во Струга имам јасна слика. Тогаш бев во заблуда дека некои играчи можат нешто повеќе. Сега имам слика, кој каде и колку може да даде. Сега немам дилеми и знам со кого и како ќе се справиме со Флензбург. Дали е предност, искрено незнам. Ние ќе тренираме, но недостасуваат натпревари. Ни треба натпреварувачка форма. Ние ја подигнавме формата до Мешков, но сега не знаеме до каде сме. Јас како тренер знам кој од ирачите колку може, имам јасна слика“, смета Алушовски..

 

Средбата меѓу Вардар 1961 и Флензбург е закажана за 15 октомври во Скопје.

Се вчитува...