Алушовски: Немавме одговор за Душебајев, ќе биде подобро во Киелце

Вардар го претрпе првиот пораз на домашен терен сезонава во Лигата на Шампионите, откако „црвено-црните“ капитулираа на вечерашниот натпревар со Киелце. Според тренерот Стевче Алушовски, исксутвото на гостите и казнувањето на секоја грешка на „вардарци“ било клучно за крајниот исход, заедно со извонредниот настап на Алекс Душебајев.

„Сакам да им честитам на моите момци на залагањето, не само на овој натпревар, туку и за време на сите тренинзи. Штета за денешниот натпревар, сите грешки што ние ги правевме во нападот, противникот безмилосно ги казнуваше на спротивната страна. Жалам за шансата во второто полувреме, кога имавме предност и двајца ракометари повеќе на теренот, но не реализиравме. Ривал како Киелце тоа секогаш знае како да го казни. Не најдовме одговор за Душебајев и тоа пресуди. Се надевам дека ќе биде подобро во Киелце“, истакна Алушовски на прес-конференцијата по натпреварот.

Вардар во следното коло повторно ќе се сретне со Киелце, овојпат на гостински терен во Полска.

Се вчитува...