Алушовски: Одиме без притисок во Сегедин, но без бело знаме

Ракометарите на Вардар утре ќе го одиграат втроиот натпревар сезонава во Лигата на шампионите против унгарскиот Пик Сегед. По поразот во неделата во „Јане Сандански“, тренерот на „црвено-црните“, Стевчо Алушовски вели дека во Сегедин заминуваат без притисок, но не со бело знаме.

„Не очекува нов натпревар со Сегед. По поразот дома анализиравме каде грешевме, што треба да поправиме како во напад така и во одбрана. Имаме мали проблеми со играчкиот кадар, Борко има повреда на коленото поради која нема да настапува во Сегедин. Без секој се може и мора па така и без Борко. Ќе одиме во Сегедин без притисок, но не со беле знаме. Видовме во Скопје дека играње пред празни трибини не им дава предност. Нормално не сме фаворити, но покажавме дека можеме да играме со нив“, вели Алушовски. 

Мечот е закажан во четврток со почеток во 18:45 часот.

Се вчитува...