Алушовски: Одиме на победа против Мешков Брест и освојување на шестото место во групата

Ракометарите на Вардар утре на домашен терен против Мешков Брест ќе го одиграат последниот натпревар од групната фаза во годинашното издание од Лигата на шампионите. Тренерот на „црвено-црните“, Стевчо Алушовски е оптимист пред овој меч и верува дека со победа ќе успеат да го освојат шестото место во групата и во осминафиналето да одат на мегдан на актуелниот шампион Кил.

„За нас е последен во групната фаза од Лигата на шампионите сезонава. Важен натпревар за нас, и ако се биде според најавите би требало да бидеме на 6. место на табелата и би играле веројатно со Кил. За нас е најважно што треба да ја подигаме формата, да се докажуваме на секој натпревар. Она последното гостување во Украина не бевме на нивото на кое треба да сме. Можеби од објективни причини, бевме без неколкумина, но немаме оправдување. Очекувам во четврток машка и цврста борба што ќе ни даде поголми шанси Мешков сезонава го победи ПСЖ, играше нерешено и со Флензбург. Таму Сташ Скубе е лидер на екипата. Имаат 16 играчи на секоја позиција. Сериозен противник против кого треба сериозно да пристапиме. Оваа сезона ова 6. место би било заслужено, имавме неколку несреќно загубени натпревари, и кога ќе сумираме групна фаза треба да бидеме задоволни и да се спремите за осминафиналето“, вели Алушовски.

Ракометарот на „вардарци“, Мартин Карапалески вели дека доколку го затворат Скубе ќе завршат голем дел од работата.

„Мораме добро да одиграме. Треба добро да се внимава на Скубе, тој е нивниот мотор. Се оди преку него. Ако него го сопреме ќе биде полесно. Тој не знае нас, ние го знаеме него. Секој меч сезонава во Лигата на шампионите е различен, но подеднакво тежок. Ние играме добро, барем на последните натпревари во ЛШ, иако немавме многу среќата на некои од последните, или пак во последните моменти грешевме. Секако проблем е што во последно време не сме комплетни, па тоа малку ги пореметува нашите планови. Но, како оди сезоната се повеќе се воигруваме“, изјави Карапалески. 

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за во четврток со почеток во 18:45 часот.

Се вчитува...