Алушовски: Ова е големо разочарување за нас, за претседателот, за навивачите…

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски искажа огромно разочарување по убедливиот пораз од Веспрем (27-41) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Не знам што би можел да кажам. Тешко е после еден ваков натпревар. Лошо го отворивме со многу грешки кои противникот умешно знаеше да ги користи, и потоа веќе беше едноставно невозможности да се стигне до пресврт на натпреварот. Треба сите да се погледнеме во очи по овој тежок пораз. Ова е огромно разочарување за нас, за претседателот на клубот, за навивачите“ – истакна Алушовски на прес-конференцијата по мечот.

Реваншот во Унгарија, се чини, ќе биде само формалност…

„Ние ќе се обидеме да го поправиме впечатокот во Унгарија, сигурно не можеме повторно да одиграме вака лошо“ – истакна стратегот на Вардар.

Се вчитува...