Алушовски: Ова е лекција за нас, ќе мора нешто да се менува ако сакаме подобри резултати до крај на годината

Тренерот на „вардарци“, Стевче Алушовски по пораз од Брест Мешков потенцираше дека ќе мора некои работи да се менуваат во тимот доколку се сакаат подобри резултати до крајот на сезоната.

„Сакам да им честитам на Мешков за победата. Добро го почнавме натпреварот се до 5-5, а потоа направивме некои грешки кои се недозволиви на натпревар од Лигата на шампионите, и на тоа ќе мора да поработиме во иднина. Не бевме на ниво во одбраната во првото полувреме и тоа пресуди околу конечниот победник“ – истакна Алушовски, притоа дополнувајќи:

„Многу работи ќе треба да се сменат ако сакаме да имаме подобри резултати до крајот на годината. Мора да гледаме напред, но ова се мора да биде и една добра лекција за нас!“

Се вчитува...