Алушовски: Покажавме карактер и победнички менталитет

Ракометарите на Вардар стигнаа до првата победа по пауза од четири месеци во Лигата на шампионите, откако вечерва го совладаа Елверум со 32-35. Тренерот на „црвено-црните“ Стевчо Алушовски вели дека е горд на неговите ракометари кои покажаа победнички менталитет на овој натпревар.

„Им честитам на моите ракометари на моите момци за втората победа сезонава во Лигата на шампионите. Бевме поприсебни во важните моменти во одлучувачките моменти и посреќни овој пат. Го отворивме многу лошо натпреварот со 11 чисти шутеви промашени. Нивниот голман беше расположен и полувремето го завршивме со минус три. Второ полувреме дадовме се од себе до последниот атом и затоа им честитам на моите момци. Покажавме победнички карактер и им посакувам многу среќа на Елверум во следните натпревари“, изјави Алушовски. 

 

Се вчитува...