Вардар имаше сили само за едно полувреме на гостувањето кај Порто. Избраниците на Стевче Алушовски имаа еден гол негатива на полувремето, но паднаа во вториот дел и на крајот загубија со 30-22. Тренерот на „црвено-црните“ е реален и признава дека Вардар во моментот има големи проблеми.
„Порто е одличен тим, а ние се бориме да ги надминеме проблемите кои ги имаме во клубот. Некои ракометари не напуштија, но се надевам дека ќе ги надминеме проблемите и дека Вардар и следната сезона ќе игра значајна улога во Лигата на шампионите. Во нашата земја Вардар е бренд, слично како и Порто во Португалија“, изјави Стевче Алушовски на прес – конференцијата по поразот од Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА