Алушовски: Потфрли нападот…, ни недостасуваше малку среќа за победа

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, иако жали за начинот на кој македонскиот шампион ја пропушти победата против Порто, сепак нагласува дека и ремито е добар резултат во ситуација кога нападот на неговиот тим не одигра на посакуваното ниво.

„Знаевме дека не чека тежок натпревар. Мора да кажам дека Порто одигра одличен меч, добро ја простудирале нашата игра. На крајот ни недостасуваше малку среќа за победата, но можеби и Порто заслужено стигна до бодот. Нам ни недостасуваше и Дисингер во нападот кој сметам дека потфрли, додека одбраната одигра навистина одлично. Сепак, сакам да им честитам на момците кои знаеја како да се вратат и по сериозната негатива па да дојдеме до ситуација за нов триумф“ – истакна стратегот на „вардарци“.

Се вчитува...