Алушовски: Претплатени за драми, но среќа сега со среќен крај

Тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски сосема очекувано е задоволен од победата на неговиот тим против Савехоф во осмото коло од Лигата на шампионите.

Битолчани успеаја да им се одмаздат на Швеѓаните со триумф од 32-31, на сличен начин како што го загубија првиот натпревар со 25-24.

„Некако како да сме претплатени на драматични завршници, со едно исто сценарио. Но, за среќа сега со среќен крај за нас. Одигравме одлично во првиот дел, а потоа едноставно како да губиме глава и постојано не пратат грешките“ – истакна Алушовски на прес-конференцијата, притоа дополнувајќи:

„Сепак, не можам ништо да им замерам на ракометарите. Мора да продолжиме со напорен ритам на работа и да се надеваме на уште победи во следниот период“.

Се вчитува...