Алушовски: Против Пик Сегед не смееме да ги повториме грешките од мечот со Порто

Вардар во недела ќе го пречека Пик Сегед во натпревар од ракометната Лига на шампиони. Тренерот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски вели дека на мечот со унгарскиот тим не смеат да се повторат грешки од гостувањето во Португалија кај Порто.

„Не очекува една тешка борба против Пик Сегед за двата бода. Можам да кажам дека без разлика на резултатите кои ги постигна во првата полусезона, Сегед е еден многу квалитетен тим, кој претендира да игра Ф4. Ние добро ги анализиравме, ете имаме уште два дена да се подготвиме за тоа што не очекува, како во играта во одбрана, така и во напад. Се надевам дека позитивно ќе одговориме на сите задачи, односно играчите ќе го исполнат она што ќе го договориме пред натпреварот. Оптимист сум, сакам да се претставиме во едно добро светло, да видиме до каде сме, да не ни се повторат оние почетнички грешки против Порто, кои не чинеа два бода“, вели Алушовски. 

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за во недела со почеток во 18 часот.

Се вчитува...