Алушовски разочаран: Како друга екипа да играше во второто полувреме…

Стевче Алушовски со право беше разочаран на прес-конференцијата по вечерашниот натпревар меѓу Савехоф и Работник, на кој неговиот тим прокоцка предност од пет гола и на крајот претрпе минимален пораз.

„По првото полувреме во кое одигравме одлично, како друга екипа да се појави на теренот за да игра за Работник во второто полувреме. За мене е неразбирливо искусни ракометари, репрезентативци во своите земји, да прават вакви грешки. Добро го анализиравме противникот, знаевме како играат, но ни се случи со само една акција во вториот дел да го разбијат нашиот ѕид во одбраната. Нема многу време, мораме да анализираме и да се подготвиме за следниот меч во СЕХА што ќе го играме за три дена. Што се однесува до ЛШ, ќе се обидеме во третиот обид да стигнеме до толку посакуваната прва победа“ – изјави Алушовски.

Работник во рамките од третото коло во ЛШ ќе гостува во Шпанија на тимот на Бидасоа.

Се вчитува...