Алушовски: Реалноста е таа – Веспрем е многу подобар од Вардар

Стевче Алушовски имаше причина за незадоволство поради изданието на ракометарите на Вардар и на денешниот реванш против Веспрем, на кој македонскиот првак загуби со девет гола разлика и го заврши настапот во Лигата на Шампионите.

Стратегот на „вардарци“ на прес-конференцијата по мечот им честиташе на противниците, потенцирајќи дека разликата во квалитет меѓу двата тима сепак била огромна.

„Честитки до тимот на Веспрем за заслужениот пласман во четвртфиналето. Тие беа подобар противник, исто како и на мечот во Скопје. Реалноста е таа, Веспрем е многу подобар тим од Вардар во моментов. Ние повторно имавме многу проблеми, особено во првото полувреме. Се обидовме и со „седум на шест“, но не можевме да сториме ништо повеќе против овој поквалитетен ривал. Му посакувам на Веспрем се најдобро во следната рунда“, истакна Алушовски.

 

Се вчитува...