Алушовски: Тажен за поразот, среќен и горд за карактерот на Вардар

Европскиот првак Вардар загуби од Монпелје на домашен терен и на шестото место го заокружи групниот сегмент од Лигата на шампионите. Со кус ростер, неколку повредени ракометари, тренерот Стевче Алушовски е тажен поради поразот, но истовремено и среќен за блесокот на младиот голман Кизиќ, горд на навивачите и на играчите.

„Имам измешани чувства, тажен сум што изгубивме, но среќен што покрај сите проблеми, краток ростер, дадовме максимум. Среќен сум за Кизиќ кој втор натпревар е одличен, горд сум на клубот, на навивачите на играчите. Дури на крајот мислам дека малку и немавме среќа, важно е дека покажавме карактер“, изјави Стевче Алушовски.

Се вчитува...