Алушовски: Убеден сум дека ова нема да ни биде последна победа

Стевче Алушовски има причина да биде задоволен откако стигна до првата победа со Работник во Лигата на шампионите. Трите разочарувачки порази сега се оставени зад себе, а „фармацевтите“ со квалитетот што го поседуваат дефинитивно можат да прокнижат нови бодови до крајот на оваа сезона во елитното европско натпреварување.

„Нам ни е судено да играме одлично прво полувреме, а потоа да им дозволиме на ривалите да се вратат. На крајот имавме повеќе среќа и конечно стигнавме до победа на еден ваков неизвесен меч. Сакам да им честитам на моите ракометари за оваа одлична победа, прва историска за нашиот клуб. Ова ни е прва радост во ЛШ, но убеден сум дека нема да биде и наша последна победа“ – изјави Алушовски.

Македонскиот вицепрвак во петтото коло повторно ќе биде домаќин, овојпат на словачкиот претставник Татран Прешов.

Се вчитува...