Алушовски уште три години во Исланд

Македонскиот тренер Стевче Алушовски го продолжи договорот со исландскиот клуб Тор од Акурејри. Тој стави потпис на договор на уште три години, што значи дека ќе остане во оваа земја до крајот на сезоната 2024/2025 година.

Алушовски пред да замине на Исланд го водеше двократниот европски шампион Вардар, а претходно беше и на клупата на Еурофарм Пелистер. Алушовски сезонава заврши одлична работа во исландскиот клуб откако успеа преку плејофот да го одведе тимот во елитниот ранг.

За Тор изминатава сезона играше и македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски, кој неодамна се врати во Македонија и потпиша за Пролет.

Се вчитува...