Алушовски: Вардар нема никого да прецени, ќе има добар ракомет!

Вардар се најде во елитно друштво во групата А од новата сезона од ЛШ, откако „црвено-црните“ денеска за ривали ги добија ПСЖ, Киелце, Порто, Пик Сегед, Брест Мешков, Елверум и Фленсбург. Тренерот Стевче Алушовски е свесен дека предизвикот пред него и изменетиот играчки состав на „вардарци“ ќе биде огромен, но сепак е оптимист дека македонскиот првак ќе одговори на него.

„Ова е тешка група во која секој може да победи секого. Ќе се игра добар ракомет, ќе може да се проследат бројни квалитетни пресметки. Вардар е актуелен европски шампион и ќе се однесуваме така на терен, можам уште сега да кажам дека нема да прецениме, ниту да потцениме ниту еден ривал“, истакна Алушовски за ЕКИПА.

Целта на „црвено-црните“ е да се мине групната фаза и да се обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи во Европа.

„Веќе рековме дека наша желба на стартот од сезонава е да стигнеме до четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Нема да биде лесно, ни останува добро да се подготвиме, но верувам дека имаме квалитет да ја минеме првата фаза, а потоа и да се најдеме во Топ 8“, порачува Алушовски.

 

Се вчитува...