Вардар доживеа уште еден убедлив пораз од Кил (34-23), а тоа беше и дебитантски меч за новиот тренер Стевче Алушовски на клупата на „црвено-црните“. Реално вели дека Вардар може многу повеќе, а во последните 15 минути се случи хаварија на тимот во Германија.
„Не можеме да бидеме задоволни од овој натпревар. Игравме добро 45 минути, но потоа, во последните 15-тина ни се случи катастрофа. Кил знаеше да ги казни сите наши грешки. Брзавме понекогаш да дадеме гол, а тие знаеја тоа да го казнат. Мораме ова да го заборавиме, да гледаме напред, да работиме напорно и да бидеме многу подобри на следните натпревари“, изјави Алушовски.
Вардар во следното коло од Лигата на шампионите во Скопје го пречекува тимот на Мотор Запорожје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА