Вардар вечерва против Киелце ќе го одигра мечот на неделата во ракометната Лига на шампионите. Тренерот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски вели дека анализиран е мечот од Скопје и дека има голем простор за напредок во тимот, особено во фазата на одбрана.
„Не очекува реваншот со Киелце во Полска. Тоа што е исто што ќе играме пред празни трибини. Анализиравме кои се нивните добри страни и пред мечот во Скопје, но сега имавме дополнителни четири дена за да видиме каде грешевме и што можеме да поправиме. Нормално дека место и простор за напредок, особено во нашата игра во одбрана каде што прв пат примивме 33 гола секако има. Исто така и некои детали кои што ќе ги промениме за играта во напад. Се надевам и мислам дека ќе одиграме добар натпревар во Киелце, каде што ќе покажеме дека Вардар неслучајно освои три бода во ЛШ и дека до 52. 53. минута беше егал со Киелце во Скопје. Според мене очекувам неизвесен натпревар, натпревар со многу борба каде што не сме без шанса. Многу простор за напредок имаме во играта во одбрана, нашите голмани можат многу повеќе од тоа што го дадоа во Скопје. Анализиравме што игравме во Скопје и знаеме каде грешевме и затоа очекувам добар натпревар“, изјави Алушовски.
Мечот меѓу Киелце и Вардар е со почеток во 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА