Сагата околу трансферот на Хулијан Алварес во Барселона траеше цело лето, а епилогот не беше поволен за напаѓачот бидејќи челниците на Атлетико Мадрид останаа на својот став дека нема да го продадат на лутиот ривал, но ситуацијата може да се промени веќе во зимскиот преоден рок кој стартува на први јануари 2027 година.
Шпанскиот новинар Хосе Алварес, тврди дека добил информации од блиски пријатели на Алварес дека фудбалерот во јануари, сепак, би потпишал за Барселона.
Според неговите извори, ситуацијата на Алварес е тешка и дека продолжување на соработката со Атлетико Мадрид би била невозможна.
„Идејата која луѓето блиски до Алварес ја пренесуваат е дека тој повеќе не сака да игра за Атлетико Мадрид. Ситуацијата ќе стане мнигу тешка од сега до јануари. Луѓето на Хулијан веруваат дека токму Атлетико ќе биде тој што ќе и понуди на Барселона да го купи напаѓачот“, тврди новинарот Алварес.
Веднаш по завршување на минатата сезона, Хулијан Алварес, јавно изјави дека сон му е да заигра за Барселона и се надева дека тој сон ќе му се оствари уште ова лето.
Оваа изјава ги налути челниците на Атлетико Мадрид, кои потоа преку медиумите открија е дека напапаѓачот веќе ги договорил личните услови со Барселона, па дури и ја тужеа Барселона во Ла Лига. Ставот на претседателот Хил беше дека Алварес нема шанси да биде продаден на Барселона за ниту една цена, и си остана на зборот и не дозволи трансфер.
Зборовите на новинарот Алварес се најава дека сапуницата ќе продолжи и идната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
