Алварез е бесен на Атлетико: Ме излажавте, сакам во Барса

Хулијан Алварез е фокусиран да го предводи нападот на Аргентина во вечерашното финале, но веднаш по завршувањето на овој мундијал се очекува аргентинскиот гоглетер да влезе во сериозен конфликт со раководството на својот клуб Атлетико Мадрид.

Причината е добро позната – желбата на Алварез да се пресели во редовите на Барселона, трансфер за кој во Атлетико не сакаат ни да слушнат и пред неколку дена преку видео-изјава на претседателот Черезо порачаа дека Аргентинецот може да си замине само ако се активира клаузулата во висина од 500 милиони евра.

Напаѓачот е бесен бидејќи во февруари добил ветување дека ќе може да си замине ако некој клуб понуди 150 милиони евра за неговите услуги. Барселона веќе испрати понуда од 150 милиони, Алварез за време на СП се јави со изјава дека очекува желбата да му биде исполнета, па сега е бесен што мадридскиот клуб не го исполнува даденото ветување.

Лапорта даде рок до 1 август Атлетико да ја прифати понуда, во спротивно Барса ќе тргне по други опции за наследник на Левандовски, па се очекува аргентинскиот ас во наредните денови да направи дополнителен притисок со изјави во јавноста, можеби дури и со официјално барање за трансфер.

Дали тоа ќе вроди со плод, останува да видиме…

Се вчитува...