Алваро Мората се враќа во Серија А?

Алваро Мората во следниот преоден рок најверојатно ќе го напушти Атлетико Мадрид, откако пред потпис со тимот од „Ванда метрополитано“ е уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани. Најзаинтересиран за неговите услуги е калчолигашот Интер, кој почна преговори со мадридскиот тим околу потписот на Алваро Мората.

Од Интер летово најверојатно ќе замине Лаутаро Мартинез кој би требало кариерата да ја продолжи во Барселона, поради што на „неро-аѕурите“ очајно ќе им треба втор напаѓач покрај Ромелу Лукаку. Мората во кариерата веќе соработуваше со Антонио Конте во Јувентус и Челси, што значи дека Шпанецот најверојатно ќе добие трета шанса за соработка со италијанскиот стратег.

Алваро Мората како позајмен фудбалер во Атлетико Мадрид забележа 38 настапи на кои постигна 14 гола.

Се вчитува...