Алвеш лут на Јувентус – Бев измамен од луѓето кои ме доведоа во Торино

Бразилскиот интернационалец Дани Алвеш во интервју за ЕСПН говореше за времето поминато во италијанскиот шампион Јувентус и како се чувствувал измамено од страна на луѓето кои што го довеле во Торино.

„Поминав една непријатна година во Јувентус. Се чувствував измамено бидејќи не го добив тоа што ми беше ветено. Створив историја со Јувентус и секој навивач што ќе го прашате ќе има само пофални зборови за мене. Различна е ситуацијата со луѓето што ме донесоа во Јувентус и тоа што ми го кажаа. Ја почитувам историјата на клубот, но мене ме измамија и затоа заминав“, изјави Алвеш. 

Алвеш во сезоната помината во италијанскиот гигант освои двојна круна во домашното првенство, а играше и во финалето на Лигата на шампионите, каде неговиот тим беше поразен од Реал Мадрид.

Се вчитува...