Алвеш на слатки маки: Клубовите од Кина нудат богатство за негов трансфер

Искусниот дефанзивец на Јувентус, Даниел Алвеш се наоѓа на слатки маки кога станува збор за неговата кариера, затоа што кинеските клубови се сериозни заинтересирани за негов ангажман.

Имено, Хебеи Фортун, Шангај СИПГ и Тјензин Кванџијан се клубвите кои ’гризат’ за негов ангажман, а се чини дека најблиску до ангажман е Шангај СПИГ, чиј стратег е Андре Вилјаш-Боаш и раководството на овој клуб е подготвено да понуди двегодишен договор за Алвеш, вреден 20 милиони евра, односно по 10 милиони евра по сезона на Алвеш како годишна плата.

Тој неодамна се врати тимот на Јувентус, после тешката повреда на фибулата во ноеврми, а неговиот договор со „старата дама“ важи до јуни, 2018 година.

Се вчитува...