Алвеш: Реал Мадрид има среќа што Барселона доцна се разбуди

Десниот бек на Барселона, Дани Алвеш верува дека Реал Мадрид имал среќа поради лошата форма на Барселона на почетокот на сезоната. Тој смета дека доколку Барселона порано почнала да победува и да биде во форма како оваа, битката за титулата ќе била сосема поинаква.

Барселона имаше лошо резултати во првиот дел од сезоната, а потоа на клупата стигна Чави, кој има само еден пораз во пролетниот дел од сезоната во Ла Лига, но Реал успеа да ја задржи разликата.

„Реал Мадрид имаше среќа што се разбудивме толку доцна. Барселона нема среќа. Битката за титулата можеше да биде сосема разлика. Доцневме многу и моравме да направиме голем напор. Сега треба да одиме на друга цел. Имаа среќа што не се разбудивме порано“, вели Алвеш.

Се вчитува...