Алжир е нашиот ривал во осминафиналето

Алжир ќе биде противникот на Македонија во осминафиналето од младинскиот мундијал, откако токму домашната селекција го освои третото место во групата Д, зад селекциите на Хрватска и Исланд. Алжирците вечерва во клучниот натпревар ја совладаа Саудиска Арабија со резултат 23-21, обезбедувајќи пласман во нокаут фазата, а воедно и „прескокнувајќи“ ја Аргентина на третата позиција во групата.

Првите 30 минути донесоа цврста игра во одбраната, во која нешто подобро се снајдоа ракометарите на Саудиска Арабија, кои на одмор заминаа со минимална предност од 10-11. Домаќините сепак се консолидираа, па во завршните дваесет минути бодрени од над 8.000 фанови успеаја да го скршат отпорот на противникот и да стигнат до победата од конечни два гола разлика.

Дуелот меѓу Алжир и Македонија на програмата ќе биде в среда навечер, со почеток во 21.45 часот.

Се вчитува...