Младинскиот репрезентативец Амар Хот од Феникс 2010 е првото засилување за КК Пелистер, потврдија од битолската екипа.
Тимот кој го предводи Марјан Илиевски доби одлично засилување во кошаркарот кој блесна на младиот шампионат на Европа – Б дивизија. Минатата сезона во дресот на Феникс, Хот имаше просек од 9,1 поен и 8,1 скока по натпревар.
„Пелистерци“ кон средината на август ќе ги започнат подготовките за новата сезона, во која повторно ќе ја претставуваат Македонија и во АБА2 лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА