Аматерската репрезентација со два порази на Купот на регионите во Белфаст

Аматерската репрезентација на Македонија доживеа два порази во првите две кола од УЕФА Купот на регионите кој се игра во Северна Ирска.

Во првото коло Македонија загуби со 4-0 од селекцијата на Јужниот руски регион – Чајка, а во второто коло загубија минимално и од селекцијата на Северна Ирска со 1-0. На мечот кој се играше на „Виндсор парк“ во Белфаст, стрелец на единствениот гол за домаќините беше Дилан Вилсон.

Македонија утре го игра и третиот натпревар од групата на УЕФА Купот на регионите против Брага, Португалија, во Портдаун.

Се вчитува...