Аматерската репрезентација со три порази го заврши настапот во С. Ирска

Аматерската репрезентација на Македонија со три порази ги заврши настапите на УЕФА Регионалниот куп во Северна Ирска.

По поразите од селекциите на Јужниор руски регион – Чајка и од Северна Ирска, во третиот натпревар аматерите на Македонија загубија со 1-2 и од тимот на Брага, Португалија.

Стрелец на единствениот гол за Македонија беше фудбалерот на велешки Борец, Тони Мирчевски во 80. минута. За Португалците стрелаа Фернандеш во 39. минута од пенал и Педро Мигел во 75. минута.

Македонија заврши без бодови последна во групата во која првото место со 7 бода го поделија селекцијата на Јужниот руски регион и Брага, а Северна Ирска заврши со 3 бода.

Се вчитува...