Аматерски потег во Каталонија: Фудбалер потпишал договор, но Барса заборавила да ги испрати документите!

Тимот на Лапорта, Барселона во последниот ден од преодниот рок беше многу активна. Екипата ја напушти и Антоан Гризман, кој се врати во Атлетико Мадрид, но каталонскиот гигант притоа направил голем пропуст.

Меѓутоа, Каталонците беа толку многу фокусирани на трансферот на Гризман и ангажирањето на Лук де Јонг од Севилја, па целосно го заборавиле Алекс Коладо, кој беше на праг да си замине.

Роналд Куман му порача на Коладо да ја напушти Барселона затоа што нема да добие шанса за игра во првата екипа и тој требаше да го засили Шефилд јунајтед на едногодишна позајмица.

Фудбалерот ставил потпис на договор во 23.30 часот, но потоа трансферот му пропаднал затоа што Каталонците заборавиле да ги испратат документите на време и не можел да се регистрира трансферот.

Се вчитува...