Американец и Италијанец со потписи за Академија Пандев

Академија Пандев успешно ги финишираше преговорите за ангажманот на уште двајца нови фудбалери од странство, и тоа од Италија и од САД. Нов член на македонскиот прволигаш е Џулио Грифони, десен бек кој доаѓа од редовите на Месина. Овој 24-годишен играч треба да донесе дополнителна стабилност во играта во дефанзива на новиот македонски прволигаш.

Заедно со него договор потпиша и Тревис Боувен, 28-годишен напаѓач кој доаѓа од САД, откако во претходната сезона настапувал за резервниот тим на ЛА галакси.

Двајцата нови фудбалери нема да можат да бидат регистрирани навреме за натпреварот против Скопје в недела, но се очекува своето деби да ги забележат на гостувањето кај Шкендија на 27 август.

На Академија Пандев и пристапува и Горан Ганчев, искусниот дефанзивец, кој се враќа во домашното првенство по настапите во Индонезија.

Се вчитува...