Американец со сведоштво од посета на мечот Вардар – Работнички: „Сме биле на натпревари низ цел свет, ама овa дефинитивно е нешто најнезаборавно…“

Американецот Метју Милер се одлучил, за време на престојот во Македонија, заедно со својот син да проследи еден натпревар од Првата македонска фудбалска лига.

И одлуката паднала на дуелот меѓу Вардар и Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, затоа што за време на целиот свој престој во Скопје слушал дека Вардар е омилениот македонски клуб.

Вардар, на крај победи со 1-0, а како натпреварот го видел еден Американец е споделено на Фејсбук-групата „Arena-Stadium Chasers“ на која Метју ги пренесува целокупните свои впечатоци…

„Едно од најчудните искуства досега. Ќе започнам прво со тоа што мене и на мојот син ни се допадна секоја минута од нашето време во Македонија. Луѓето се одлични, ги сакаат Американците и се желни да уживате во нивната татковина“ – почнува Метју кој најпрво воодушевувачки зборува за Македонија, а потоа се префрла на фудбалот.

„Фудбалски натпревар во Првата лига, кој поради некоја причина се одигра во 14 часот во среда, беше скопското дерби меѓу загрозените од испаѓање Вардар и Работнички и се одигра на речиси распаднат стадион со 3.000 седишта (од око) со многу застрашувачки ултраси и големо присуство на интервентна полиција. Влезот беше 100 денари (околу 2 долара) кој го плаќате на случаен тип на влезот на стадионот. Немаше за купување на стадионот, само неколку улични продавачи надвор. На крај, сите прославивме победа на Вардар од 1-0, и огромното мнозинство од присутните околу си отидоа дома среќни, вклучувајќи го и навивачот кој го помина целото прво полувреме викајќи и плукајќи по линискиот судија (иако луѓето што седеа околу нас беа во ред). Сме биле на натпревари низ целиот свет и овој е речиси при врвот на оние најнезаборавни“.

Се вчитува...