Американецот Бенет до деби победа во Светскиот куп

Американскиот алспки скијач Брејз Бенет стигна до својата деби победа во Светскиот куп откако утрово славеше на спустот во италијанскиот ски-центар, Вал Гардена. Американскиот скијач до победата стигна со време од 2:02.42 минути што беше за 14 стотинки подобро од второпласираниот Отмар Штрајдингер од Австрија.

Подиумот го надополни Швајцарецот, Нилс Хинтерман кој доцнеше 32 стоти делови од секундата од времето на победникот.

Утре најдобрите алпски скијачи во Алта Бадија ќе возат велеслалом.

Се вчитува...