Теренс Крафорд успеа да испише историја во светскиот бокс откако стана прв човек што стигнал до титули апсолутен светски првак во три различни тежински категории.
Крафорд беше апсолутен шампион во категориите до 66 и до 69 килограми, а одличниот Американец сега успеа да стане и апсолутен шампион во ИБФ, ВБЦ, ВБО и ВБА појасите во категоријата до 76 килограми откако во фантастична борба слашве ннад Саул Алварес во Лас Вегас.
Двајцата боксери се покажаа во извонредно издание во борбата што траеше 12 рунди, за на крајот судиите едногласно да му ја доделат победата на Крафорд.
Со ова, американскиот боксер останува непоразен со импресивни 42 победи во низа, од кои 31 со нокаут. за Саул Алварез ова беше само втор пораз во кариерата, по кој Мексиканецот мораше да му ги предаде своите шампионски појаси на големиот ривал од САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

