Американецот Лајонс, нов адут на Охрид

Екипата на Охрид ја почна сезоната со една победа и седум порази во првите осум рунди, што беше причина за промена во играчкиот кадар. Во тој правец, денеска беше официјализиран трансферот на Тајрон Лајонс, новиот американски кошаркар кој ќе ја засили бековската линија на охриѓани во наредниот дел од сезоната.

„Тајрон ни доаѓа од Америка,роден е во Amityville,New York висок е 201цм. Претходно беше играч на Металац Ваљево од Србија додека пред тоа настапуваше на универзитетот Southern North Carolina. Тајрон ти посакуваме многу успех во нашиот клуб“, објави КК Охрид.

Се очекува новото засилување да дебитира во дресот на Охрид веќе наредниот викенд, кога оваа екипа ќе ги одмери силите со екипата на Феникс.

Се вчитува...