Американецот на Партизан: Поцеко е расист

Селекторот на Италија, Џанмарко Поцеко кој се послави на Евробаскетот 2022 со емотивното славје на победите на неговата репрезентација ја подели кошаркарската јавност со интересената споредба за европските и американските кошаркари.

Имено, говорејќи за италијанските медиуми Поцеко изјави: „Со цела почит, но Американците имаат нешто помалку бидејќи играат на друг начин и тоа е психилогија. На пример, без топка не се толку заинтересирани за игра“.

За тоа наиде на жестоки реакции од „европските Американци“ како Тајрис Рајс и Мајк Џејмс, а последен кој се огласи за оваа тема беше бекот на Партизан, Џејмс Нанали кој на социјалните мрежи напиша дека Италијанецот е расист.

„Реториката на тренерот и неговото размислување за американските бекови е расистичка“, објави Нанали на „Твитер.

 

Се вчитува...