Американецот Стедман потпиша за Гостивар

Гостивар договори уште еден трансфер за новата сезона откако „сино-белите“ потпишаа договор со Мајкл Стедман. Станува збор за 208 сантиметри висок кошаркар кој настапува на центарската позиција и дефинитивно ќе му биде од голема помош на тренерот Малинков за остварување на зацртаните цели.

Тој доаѓа од редовите на колеџот „U-Mass“, каде во текот на ланската сезона имаше просек од 7,5 поени и 3,8 скокови по натпревар.

Стедман а најновото засилување на гостиварци, кои претходно беа на шопинг во грузиското првенство, од каде ги доведоа американскиот плејмејкер Лувејн Пипкинс и грузискиот репрезентативец Гиoрги Корсантија.

Најголемо домашно засилување се очекува да биде репрезентативецот Андреј Маслинко, кој пристигна во Гостивар од редовите на ТФТ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IstBasketMk (@istbasketmk)

Се вчитува...