Американката никако да се врати на терените: Серена Вилијамс се повлече и од УС Опен

Серена Вилијамс, 23-кратната шампионка на Грeнд-слaм турнирите не успеа да игра на Вимблдон откако повредениот десен зглоб ја принуди да го напушти мечот од првото коло, па сега Американката уште еднаш е приморана да се повлече и од турнирот на УС Опен.

Причината за повлекување од овој турнир е повторно лошиот здравствен билтен, па Серена нема избор освен да ги послуша советите на лекарите.

„По внимателно разгледување и следење на советите на моите лекари и медицински тим, решив да се повлечам од УС Опен за да му дозволам на моето тело целосно да заздрави од искинатата тетива. Њујорк е еден од највозбудливите градови во светот и едно од моите омилени места за игра, дефинитивно ќе ми недостасува да ги видам навивачите, но ќе ги бодрам сите од далеку. Ви благодарам за вашата постојана поддршка и љубов. Ќе се видиме наскоро”, изјави Серена Вилијамс.

Се вчитува...