Американска тенисерка боледува од рак

Американската тенисерка Никол Гибс по еден преглед кај матичниот заболекар, дознала дека боледува од редок вид на рак. Имено, се работи за израсток на непцето кој по дополнителните прегледи покажало дека се работи за рак.

26 – годишната тенисерка за неколку дена ќе оди на операција, а прогнозите се добри бидејќи за голема среќа болеста е откриена многу брзо. Таа го откажа настапот на Ролан Гарос, а најави и дека се повлекува од тенисот до крајот на сезоната.

„За жал нема да настапам на Ролан Гарос. Среќа е што обликот на рак кој што го имам е излечлив и мојот хирург е сигурен дека операцијата ќе биде доволна. Ми дозволи да настапам на неколку турнири изминатиот период, што ми послужи како одличен психолошки третман пред операцијата“, напиша Гибс.

 

Се вчитува...