Американската тин-сензанција спасуваше меч топки, па стигна до нова победа

Младата американска тенисерка Кори Гоф продолжи со феноменалните игри на Вимблдон, откако во 3. коло ја совлада Полона Херцог од Словенија со 2-1 (3-6, 7-6 и 7-5).

15- годишната тенисерка лошо го почна натпреварот губејќи го првиот сет со 6-3. Во вториот сет Херцог продолжи со одличната серија стигајќи до предност од 5-2. Во следните два гема Гоф успеа да спаси две меч топки и да го одведе вториот сет во тај-брејк кој го доби со 9-7.

Во одлучувачкиот трет сет продолжи борбата до 12 гем, кога Гоф успеа да направи брејк кој значеше и конечна победа од 7-5. Во осминафиналето таа ќе се сретне со Романката Симона Халеп.

Се вчитува...