Американскиот „телефонист“ по вистинска драма го елиминираше Синер во Шангај (ВИДЕО)

Американскиот тенисер Бен Шелтон, препознатлив по „спуштената телефонска слушалка“ како начин на прослава на своите победи, се пласираше во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Шангај откако славеше против Италијанецот Јаник Синер.

Во вистинска драма во осминафиналето, 20-от светски тенисер го елиминираше четвртиот по пресврт и повеќе од дваипол часа игра, триумфирајќи со 2-6, 6-3 и 7-6(5).

Синер беше пред победа откако имаше брејк во третиот сет, но Шелтон успеа да се врати во игра и на крај да победи во тај-брејк.

Во следното коло Шелтон ќе игра против сонародникот Себастијан Корда.

Се вчитува...